Калиопи пред концертот во Скопје: Ова ќе биде највеличенствениот концерт во мојата кариера

Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Калиопи во Скопје. Нешто повеќе од две недели не делат до овој спектакл, а како што деновите поминуваат, така и возбудата расте, и кај публиката, но и кај Калиопи.



19 октомври е опасно блиску, а истиот тој 19 октомври е совршен датум за фантастичен солистички концерт на Калиопи во ,,Арена Борис Трајковски”.

Пробите се веќе во тек, а воодушевувањето е взаемно. Ова со сигурност ќе биде еден од најдобрите концерти кои некогаш му се случиле на Скопје, концерт богат со аудио-визуелни ефекти, неверојатни звуци и енергија. Калиопи ветува дека на 19 октомври на своите обожаватели ќе им приреди една незаборавна музичка вечер.

-Не можам да ја опишам возбудата која ме обзема деновиве пред големиот концерт во Скопје. Имам чувство дека арената „Борис Трајковски” ќе биде премала за да ги собере сите емоции, вечерта, на 19 октомври. Многу сум среќна што големиот јубилеј ќе биде крунисан со, за мене, најголемиот и највеличенствен концерт во мојата кариера, токму овде, во Скопје. Подготвуваме спектакуларно музичко и визуелно доживување за публиката и сите со нетрпение го чекаме денот на концертот. Ќе биде тоа ноќ која сите ќе ја паметиме долго, долго… - вели Калиопи.

Сигурни сме дека овој концерт ќе биде уште една успешна мисија на Калиопи. Се гледаме на 19 октомври во ,,Арена Борис Трајковски”.

Останати се уште мал број на влезници кои имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com , Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Жената му вели на мажот:
- Леле колку сум среќна што се врати!
- Што така?
- Па, на радио рекоа дека некој пијан идиот се удавил во реката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за...
1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи...
1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани...
1859.- Во Париз е роден Анри Бергсон, француски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби