Ајдин Османовиќ од Сребреник ја воодушеви публиката на Златно Славејче

Тринаесетгодишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, Босна и Херцеговина, оствари уште еден значаен чекор во својата музичка кариера со својот настап на 53 издание на престижниот фестивал Златно Славејче, фестивал кој е познат по својата богата традиција и Поддршка на младите таленти, се одржа во големата сала на Македонскиот Народен театар.



Ајдин во придружба на својот професор Јасмин Брашњиќ, изведе три песни кои ја воодушевија публиката. Традиционалната македонска песна Јано мори, емотивната Заветна и химната на љубовта кон Македонија Мојата Македонија.

Неговата интерпретација и талент донесоа многу емоции и воодушевување на отворањето на фестивалот.

Патот до Скопје започна во Белград, на детската средба Радост на Европа каде Ајдин и неговиот професор се запознаа со директорот на фестивалот Бобан Јосифовски.



Оваа средба му овозможи на Ајдин да стане дел од едно од најважните музички случувања за деца во регионот.

- Иако фестивалот нема натпреварувачки карактер, фактот дека Ајдин прв пат ќе настапи во Скопје на вака важен фестивал за мене е особена чест. Посебно ме радува што е тоа Златно Славејче, фестивал кој има традиција долга половина век и кој бил отскочна даска за многу млади таленти, изјави професорот Јасмин Брашњиќ.

Скопје станува втор дом за Ајдин и Јасмин.

Најдоброто дуо како што ги нарекуваат на социјалните медиуми не го кријат задоволството за гостопримството во Македонија.

Ајдин Османовиќ е име кое сигурно ќе го паметиме уште долго, а доказ за тоа е неговата работа, талент и поддршка кои секогаш го наоѓаат патот до срцата на публиката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби