Џејсон Деруло: Македонијо! Ве чекам на 2 август на најдобрата забава на светот

Светската сензација Џејсон Деруло предизвика вистинска еуфорија на социјалните мрежи откако објави видео на својот Инстаграм профил, во кое лично ги поканува своите обожаватели на неговиот претстоен концерт на 2 август во Охрид. Она што го привлече вниманието на јавноста е неговата порака, во која топло ја спомена Македонија.

Со својот препознатлив шарм и енергија, Деруло во видеото ги покани фановите со зборовите: „Македонијо, Ве чекам на 2 август на најдобрара забава на светот, со најдобрите танчери и музичари. Се гледаме.“ - кажа тој.

За кратко време, објавата стана вистински хит, собирајќи илјадници лајкови и коментари од неговите следбеници ширум светот, а особено од оние кои со нетрпение го очекуваат спектаклот на македонската сцена.

Ве известуваме дека интересот за претстојниот концерт на Џејсон Деруло во Охрид ги надмина сите очекувања! Веќе од првиот ден, продажбата на билети руши рекорди.

За помалку од 24 часа, повеќе од 1.000 карти веќе се во рацете на најголемите обожаватели, а тоа е уште една потврда дека ова ќе биде еден од најочекуваните настани на годината. Ви препорачуваме да ги обезбедите вашите билети што е можно поскоро, за да не го пропуштите овој историски момент.

Бидете дел од оваа историска вечер – купете го својот билет и подгответе се за настан што ќе се памети со години! 2 август „Билјанини извори“ - Охрид.

Картите се пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.

Линк за карти - https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5629



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби