|
|
|
Зарина Првасевда гостинка на скопскиот концерт на Barcelona Gipsy Balkan Orchestra!Еден месец нѐ дели од најавеното музичко патување со музиката на уникатните Barcelona Gipsy Balkan Orchestra - еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата.

За БГКО не постојат граници, апсолутно никакви, а нивната музика инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот е емотивно патување кое ветува уникатно и автентично искуство, какво што нѐ очекува уште еднаш (по она во 2022 година) – на 28 февруари 2025 година во Филхармонија.
Нивното творештво и интерпретација на уникатен звук ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот, а несекојдневноста на стилот што ѝ го нудат на публиката овојпат ќе биде зачинето и со интерпретациите на специјалната гостина Зарина Првасевда, македонски уметник, музичар и вокал со седиште во Скопје. Балансирајќи го своето богато наследство со автентичното самоизразување, македонската уметница Зарина Првасевда има вокална техника која е вкоренета во источноевропските и ориенталните традиции, пренесувајќи ја срдечноста и свежината на македонскиот фолклор.
БГКО е меѓународна формација во чиј репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие“, „Македонско девојче“, „Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска…
И тоа не сѐ, секогаш иновативни, секогаш уникатни и подготвени на публиката да ѝ понудат повеќе во пресрет на скопскиот концерт 28 февруари – денот резервиран за уникатно музичко патување со неверојатната музичка формација која освојува на прва – подготвуваат уште изненадувања. Влезниците за овој концерт веќе се пуштени во продажба по цена од 1000, 1200 и 1500 денари, и тоа прекупродажната мрежа на mktickets.mk
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На... |
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на правата на...
1452.- Во Винчи, кај Емполи, во Тоскана, е роден...
1764.- Умре Жан Антоанет Поасон, маркиза од...
1765.- Во Санкт Петербург умре Михаил Василевич...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|