Култните Massive Attack се враќаат во Скопје после 15 години

Супер - култните Massive Attack се враќаат во Скопје после 15 години, овојпат за сите генерации, и за оние што веќе ги гледале, но и за оние кои досега само слушале за нив!



Ако има некаква реална корист од технологијата и фактот дека таа секој ден е се' подобра и подобра, а некои животни сегменти поради неа се се' полоши и полоши, сигурно сте свесни дека, благодарение на неа, денес MASSIVE ATTACK звучат и изгледаат на сцена подобро од било кога досега.

Бидејќи, нивната музика е едноставно бесмртна, а техничките можности за нејзината презентација и интерперетација во живо подобри од било кога.

Нивната релевантност, како што кажува насловот, ниту била, ниту ќе биде доведена во прашање во било кое време и на било кое место на планетава:

Massive Attack се голем бенд и без конкуренција во она што и' го пружаат на публиката, од headline настапите на големите светски фестивали, па до соло концертите, како овој што летово ќе го имаме во Скопје.

Па, зарем имаат било каква конкуренција во светската дискографија песни како "Safe from harm ", "Angel", Teardrop", Protection ", "Unfinished Symphony ", "Inertia Creeps", како песни кои во живо се далеку повозбудливи од студиските верзии, и кои ќе бидат со нас на 28 јуни - сабота на Стадион на АРМ?!

За да се случат годинава во нашата земја Massive Attack, не требаше многу коцки да се склопат. Требаше да учествуваме во склопувањето на мозаикот од самиот почеток на склопување на нивната светска турнеја.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (5-ти март) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk, а сите детали околу истите ќе бидат објавени утре во 21 часот на платформите на Авалон продукција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на правата на...
1452.- Во Винчи, кај Емполи, во Тоскана, е роден...
1764.- Умре Жан Антоанет Поасон, маркиза од...
1765.- Во Санкт Петербург умре Михаил Василевич...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби