Со Каролина го преслушавме „Македонско Девојче 2“: Eмоции, љубов и топлина!

Во прекрасна опуштена и интимна атмосфера, денеска после пладне во новиот клуб XO во центарот на Скопје имавме можност да го преслушаме заедно со Каролина, нејзиниот најнов албум, Македонско Девојче 2.

Силните емоции, љубовта, топлината и убавиот звук е она што преовладува на албумот на кој се наоѓа веќе популарната „Чалгиска“, осум нови песни и две преработки на двете убави македонски народни песни „Те видов и се заљубив“ и „Ако згрешам нека изгорам“, која е посветена на починатата легендарна македонска фолк ѕвезда, Пепи Бафтировски. Вреди да се напомене дека вакви преслушувања на нови музички албуми е нормално насекаде во светот, особено во Англија и САД, каде големи ѕвезди ги собираат медиуми и соработниците со цел заедно да го преслушаат албумот. Конечно, нешто такво се случи и кај нас.

Ова е одлична идеја, за прв пат во Македонија групно да се преслуша некој нов музички производ.

- Ние сакаме да бидеме први во Македонија и да бидеме оние кои ги следат светските трендови. Во Македонија вакво нешто се случува прв пат. Досега нормално имало промоции, но не и преслушување на некој нов албум. Идејата беше на Бобан и заедно сакавме да направиме нешто кое никој пред нас не го направил. Сакавме заедно со сите наши соработници и медиумите да го преслушаме мојот нов албум. Македонско Девојче 2 беше работен две години.

Како беше сега да се работи со Никола Мицевски и Дејан Момироски, бидејќи претходниот албум, Македонско Девојче, соработуваше со Златко Ориѓански?

- Мене Никола не ми е нов соработник, бидејќи имаме соработувано и во минатото. Целата екипа која работеше на новиот албум се истите тие луѓе кои ме придружуваат на концертите, така да добро се знаеме меѓу себе. Ова е една другарска екипа и навистина ми беше лесно и мило да работам со неа, бидејќи имаше одлична атмосфера.

Дали Каролина има свој фаворит, своја омилена песна од 10-те кои се најдоа на новиот албум?

- Мене сите ми се допаѓаа, нормално! Но ако веќе морам да одберам би ја одбрала „Смеј ми се смеј“, која ми е омилена, откри Каролина за читателите на Идивиди.



Официјалната промоција на албумот ќе се одржи со пет концерти во Македонската опера и балет од 20-ти до 24-ти февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби