Каролина Гочева заедно со својот бенд ќе ја има честа да настапи на овогодинешното издание на фестивалот EXIT во Нови Сад. Имено, тие ќе се претстават со проектот „Македонско девојче“, кој беше многу добр прифатен од македонската публика.
Нејзиниот настап како еден од хедлајнерите ќе се одржи на 11 јули на Fusion Stage. Освен Каролина, оваа година на EXIT ќе настапат и светската Емели Санде, Faithless The Prodigy, Hardwell, Morothead и многу други.