Вилнус, 5 септември 2011 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација против Босна и Херцеговина вечерва во 20 часот во Алитус, го играат последниот натпревар од групата „Ц“ на еврошампионатот и со победата нашата репрезентација ќе го освои првото место во групата.
Независно од исходот на овој дуел Македонија веќе има обезбедено пласман во втората фаза, единствено е отворено прашањето со колку бодови ќе продолжи во осминафиналната група.
Во првиот натпревар од денешната програма во 14:30 часот играат Црна Гора и Финска, додека во 17 часот е натпреварот Хрватска - Грција.
Во другите групи на програмата се натпреварите: Шпанија - Турција, Литванија - Португалија и Полска - Велика Британија („А“ група), Србија - Франција, Германија - Летонија, Италија - Израел („Б“ група), Словенија - Русија, Бугарија - Грузија и Белгија - Украина („Д“ група).
Вчера се одиграа натпреварите од 4.коло. Преглед на резултатите и табелите.
„Ц“ група: Македонија - Финска 72:70, Црна Гора - Грција 55:71 и Босна и Херцеговина - Хрватска 92:80.
Табела: Македонија 7, Грција 7, Босна и Херцеговина 6, Хрватска 6, Финска 5, Црна Гора 5.
„А“ група: Велика Британија - Португалија 85:73, Полска - Турција 84:83 и Литванија - Шпанија 79:91.
Табела: Шпанија 8 бодови, Литванија 7, Турција 6, Полска 6, Велика Британија 5, Португалија 4.
„Б“ група: Израел - Летонија 91:88, Италија - Франција 84:91 и Германија - Србија 64:75. Табела: Србија 8, Франција 8, Германија 6, Италија 5, Израел 5, Летонија 4.
„Д“ група: Белгија - Словенија 61:70, Грузија - Украина 69:53 и Бугарија - Русија 77:89.
Табела: Русија 8, Словенија 8, Грузија 6, Украина 5, Бугарија 5, Белгија 4.