Јуве ќе напаѓа во Манчестер

Вицешампионот на Англија против вицешампионот од Лигата на шампионите или Манчестер Сити против Јувентус. Тоа е дерби дуелот на првиот ден од 1. коло во новата сезона од Лигата на шампионите. Двете екипи се соочуваат во Англија, а целта е да се види кој состав е во подобра форма на стартот од новата сезона во која се очекува атак на висок пласман. И двете екипи посакуваат да стигнат до финале и до трофеј, но ќе биде навистина тешко бидејќи во оваа сезона има голема конкуренција.



АГУЕРО НЕ Е ПОДГОТВЕН

Дека денеска претстои натпревар во кој двата тима имаат подеднакви шанси знаат сите кои се актери од овој дуел. Сепак, за да може да се одигра како што се посакува ќе треба да се вложи максимум. Без разлика на составот сите ќе имаат свои шанси.

„Се соочуваме со многу проблеми за тимот и неизвесно е со кои играчи ќе настапиме на дуелот против Јувентус. Неколкумина не се подготвени со 100 проценти така што останува неизвесно дали ќе може да добијат шанса за настап. Извесно е дека Серхио Агуеро нема да може да биде дел од првите 11 бидејќи тој не е подготвен. Има болка во коленото по ударот кој го доби во саботата. Нема да ризикуваме, но, најверојатно, ќе биде на клупата. На повреди се жалат и Силва и Стерлинг, но тие би требало да бидат подготвени и да играат. Слично е и со Насри и Фернандињо, но очекувам и тие да можат да бидат на теренот. Ни претстои тежок, но важен дуел, па сите ни се потребни“, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини.



СИТИ Е ФАВОРИТ СПОРЕД АЛЕГРИ

Тренерот на шампионот на Италија и финалист во ЛШ од минатата сезона, Масимилијано Алегри смета дека противникот е фаворит за освојување на првото место во групата. Според него, денешниот ривал има повеќе шанси за победа и знае дека неговите момци ќе имаат тежок дуел во Англија.

„Овој меч ќе биде само еден од шесте тешки во нашата група. Мислам дека имаме сè што ни е неоходно за да успееме да дојдеме до позитивен резултат, но треба треба да бидеме максимално подготвени за она што ни претстои. Манчестер Сити е тежок противник, а така ќе биде и против Севиља, која е актуелен освојувач на Лигата на Европа. Овој тим две години по ред победува во овој турнир, па ни претстои тешка сезона. На денешниот прв меч ќе направиме сè што е можно да тргнеме со добар резултат, но знам дека ќе биде навистина многу, многу тешко. Сити е фаворит за првото место во нашата група и дефинитивно ќе ни треба многу позитивен ден доколку сакаме успех“, вели Алегри.



ДА СЕ ЗАПРЕ СТЕРЛИНГ

Гостите се во подобра позиција во однос на тоа колку играчите се подготвени за настап, но затоа ќе биде интересно да се види дали Јувентус ќе ја поправи лошата форма бидејќи од стартот на сезоната единствената победа на официјална средба е забележана во Супер купот на Италија.

„Имаме силна пречка која ни претстои. Манчестер Сити е силен тим, а ќе мора да бидеме внимателни доколку сакаме успех. Стерлинг е неверојатен фудбалер и ќе мораме да бидеме многу внимателни доколку сакаме да успееме да дојдеме до успешен резултат. Ќе ни биде тешко, но доколку ги запреме напаѓачите тогаш ќе имаме шанса. Знаеме дека нема лесни натпревари во ЛШ, а знаеме и против кој тим се соочуваме денеска. Сепак, во фудбалот може да се случи сè и тука редовно има изненадувања“, коментира Лихтштајнер.






Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...