Аријан Адеми и шампионот на Хрватска, Динамо одиграа одличен натпревар против составот на Арсенал, па успеа да стигне до три големи бода во 1. коло. Победата од 2:1 тимот на Динамо приреди сензација со што ги привлече сите симпатии после комплетирањето на првата рунда.
Динамо влезе како аутсајдер во средбата, но после 24 минути игра стана јасно дека „топчиите“ нема да имаат лесна задача. Напротив домашните тргнаа силно и со голот кој беше запишан на Пивариќ, а дојде и со помош на Чемберлејн, Динамо имаше големо водство.
![](http://images.idividi.com.mk/images/arsenal86.jpg)
Дека предноста не е случајна стана јасно во 58. минута кога Фернандез зголеми на 2:0 и тука гостите од Лондон мораа да потпишат капитулација пред артилеријата од Загреб.
Голманот на домашните имаше одличен меч, па на Арсенал не му остана ништо друго освен да го ублажи поразот кој беше неизбежен.
Адеми го одигра целиот меч и имаше забележителна партија, а овој дуел успеа да го засени ремито во Рим каде што Рома обезбеди бод против Барселона.
ШАМПИОНОТ ТРГНА СО РЕМИ
Освојувачот на круната од минатата сезона, Барселона тргна со одбрана на трофејот со реми од 1:1 во Рим. Каталонците поведоа со голот на Суарез, но потоа следеше кикс на Тер Штеген и ефектен гол на Флоренци, па на крајот шампионите останаа со нерешен резултат.
Сепак, ова е само старт на сезоната и Каталонците остануваат фаворити бидејќи после овој дуел им следуваат многу полесни средби и дефинитивно меч против Рома на домашен терен.
![](http://images.idividi.com.mk/images/messi170.jpg)
РАФИЊА НАСТРАДА ЗА 90 СЕКУНДИ
Играчот од средниот ред, Рафиња не мина на теренот ниту 90 секунди, а веќе мораше да го напушти теренот бидејќи заработи тешка повреда. Тој влезе во 62. минута на местото на Ракитиќ, а веќе во својата прва посериозна акција заработи повреда после стартот на Најнголан.
Според она што можеше да се забележи стартот беше ист како оној на Морено над Лук Шоу, но Рафиња успеа навреме да ја извлече ногата така што не се работи за толку сериозна повреда.
За разлика од дуелот во вторникот, овој пат играчот којшто направи прекршок заработи жолт картон.
ТЕР ШТЕГЕН ПАК СЕ ПОСРАМОТИ
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген сезонава веќе вторпат се посрамотува со своето невнимание и со напуштање на голот. Тој после погодокот кој го прими против Атлетик од речиси пола терен, сега прими уште еден од повеќе од 30 метри. Флоренци забележа дека Тер Штеген е далеку и упати силен и прецизен удар. Овој пат се работеше за удар речиси од аут линијата, па затоа ова е многу потешко за него отколку она што се случи на дуелот против Атлетик во Супер купот на Шпанија.
![](http://images.idividi.com.mk/images/chelsea111.jpg)
МЕСИ БЕЗ ГОЛ НА ЈУБИЛЕЈОТ
Најдобриот играч на Каталонците не успеа да постигне гол иако имаше пет шута кон голот на противникот. Меси го одигра 100. меч во Лигата на шампионите, но не успеа да го погоди голот на Рома така што со реми и без гол го запиша својот јубилеен меч во најсилниот куп.