Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, неславно ја почна рекордната 19. сезона во Лигата на шампионите откако неговиот тим загуби од Динамо. Со мечот во Загреб францускиот стратег стана првиот кој 19 сезони е дел од елитната лига надминувајќи го рекордот на легендарниот сер Алекс Фергусон од Манчестер Јунајтед.
Сепак, освен тој рекорд по број на сезони, Венгер постави и еден негативен рекорд. Тој е првиот тренер кој претрпел дури 50 порази во ЛШ. Досега ниту еден друг тренер нема толку порази. Венгер досега нема ниту еден трофеј во елитната лига, а најголем успех му е финалето во 2006 година, кога Арсенал загуби од Барселона.
Венгер од 1996 година седна на тимот од Лондон и досега има вкупен биланс од 617 победи, 250 нерешени и 206 порази.