Актуелниот бранител на тронот во фудбалска Англија Челзи славеше во дербито против Арсенал со 2:0. Стрелци на погодоците за „плавите“ беа Курт Зума во 53’ и Еден Азар во 91’ минута. За одбележување се и двата црвени картони кои ги добија гостите. Габриел „поцрене“ во 46’ минута, додека Санти Казорла замина порано во соблекувалната, откако во 79 доби втор жолт картон. Со оваа победа, Челзи дојде до седмиот поен, а „топчиите“ останаа на 10.