Само парична казна за Шкендија во случајот „Младинец“

ФФМ го казни тетовскиот тим само со 1.000 евра и без одземање на бодови или на победата во дуелот против Силекс.

Фудбалската федерација на Македонија само парично ќе ја казни Шкендија за случајот „младинец“. Имено, тетовскиот тим во првото коло со Силекс играла без играч под 21 година, што е задолжително според правилникот на ФФМ.

Шкендија ќе биде казнета само со 1.000 евра, а наводно немало основ за дополнителна санкција, со оглед дека случајот не бил пријавен од ниту една страна, односно од гостинскиот тим, во случајот Силекс.

Срамна одлука од страна на Федерацијата со оглед на фактот дека Шкендија го прекрши правилникот за натпреварување, а за тоа треба да следува санкција. На дуелот со Силекс тетовскиот тим немаше ниту еден играч со македонски пасош под 21 година. Иако се очекуваше барем одземање на победата, сепак, до тоа нема да дојде и Шкендија ќе треба само да ја „освежи“ касата на Фудбалската Федерација.

Во овој случај Шкендија треба да се заблагодари на Силекс затоа што кратовскиот тим не ја видел оваа грешка и не пријавил, а со тоа тетовци избегнаа поголеми санкции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...