Вардар го совлада Силекс со 3:1

Скопје, 2 октомври 2016 (МИА) – Фудбалерите на Вардар ја прекинаа низата од два натпревари без победа во Првата македонска фудбалска лига. Во натпревар 9.коло одигран попладнево во Кратово, актуелниот шампион Вардар забележа победа против Силекс со 3:1.

Головите за Вардар ги постигнаа: Стефан Спировски (7-минута), Хуан Фелипе Алвес Рибеиро од пенал (42) и Дамир Којашевиќ (70), додека почесниот го, за Силекс беше дело на Андреј Ацевски (76)

На другите три средби одиграни попладнево: Ренова и Победа 1:1, Пелистер – Шкендија 1:2 и Македонија ЃП – Шкупи 0:1.

Вчера, Работнички и Брегалница одиграа без победник 1:1.

Табела: Вардар 21 бодови, Шкендија 17 (-1 натпревар помалку), Работнички 13, Пелистер 12, Ренова 12, Силекс 10, Шкупи 9, Победа 9, Брегалница 7 и Македонија ЃП 6.

Следното 10.коло ќе се игра на 16 октомври, поради настапот на двете македонски селекции во квалификациите. Сениорската на 6 и 9 октомври во Мундијалските квалификации ќе игра против Израел и Италија, а младата (до 21 година) на 11 октомври ја пречекува Шкотска во клучниот натпревар за пласман на Европското првенство.

Трите натпревари на македонските фудбалери ќе ги играат на арената „Филип Втори“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...