Меделин, 29 ноември 2016 (МИА) - Колумбиски фудбалски клуб Атлетико Насионал побара од Фудбалскиот сојуз на Јужна Америка титулата „Судамерикана“ да ја додели на Чапекоенсе, по несреќата и падот на авионот во кој се наоѓаа фудбалерите на бразилскиот клуб.
Како што е соопштено од страна на локалните медиуми, претставници на Атлетико Насионал на денешната средба со луѓето од континенталниот сојуз трофејот од натпреварувањето да се врачи на бразилскиот клуб, а на Колумбијците да се додели место во Купот Либертадорес следната година.
Комерцијалниот авион кој леташе за Меделин, а во кој се наоѓаше и бразилската експедиција се сруши во близина на колумбискиот град каде што требаше да слета. Според последните информации, од 81 патник во авионот шест ја преживеаја несреќата.