Екипата на Бетис направи големо изненадување во 5.коло на Шпанското фудбалско првенство со победата над Реал во Мадрид. Натпреварот беше одлучен во четвртата од петте минути судиско надополнување.
Во составот на Реал оваа сезона за прв пат беше Кристијано Роналдо, но и тоа не помогна да се скрши отпорот на гостинот од Севиља.
По пет рунди во Примера, Реал Мадрид има само осум бодови и се наоѓа на седмото место, далеку зад лидерот Барселона која има максимални 15 бода.
За Бетис синоќешната победа беше трета во првенството и со девет собрани бодови се наоѓа на шестата позиција, веднаш пред „кралскиот клуб“.