Во Франција категорични: Нејмар треба да биде седнат на клупа

Во последните неколку месеци, Нејмар беше предмет на сериозни критики од француските медиуми. Новинарите што внимателно ја следат презентацијата на ПСЖ се категорични во своето мислење дека Анхел ди Марија треба да остане во стартниот состав на Томас Тухел и бразилскиот ас да биде седнат на клупата за гостувањето на Парижаните кај Реал Мадрид во мечот од 5. коло групната фаза на ЛШ.



Поранешната ѕвезда на Барселона не успеа да импресионира со своите настапи во клубот кога се врати во игра во победата од 2:0 против Лил во петокот, а неговата слаба игра беше кулминација на разочарувањето на раководството на тимот против Нејмар, кој во текот на неделата присуствуваше на забава во Мадрид без дозвола.

Во меѓувреме, Ди Марија е веројатно најдобриот играч на ПСЖ оваа сезона и настапуваше фантастично во серија натпревари. Ова важи и за првиот меч во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, откако постигна 2 гола за успехот од 3-0 над „Лос Бланкос“. Ова ги испровоцира француските медиуми едногласно да побараат аргентинскиот ас да биде носител во изборот на Тухел, веднаш до Мауро Икарди и Килијан Мбапе, откако тројцата формираат силно трио во нападот.

Засега не е познато дали Тухел ќе подлегне на медиумскиот притисок, но тој е свесен дека Нејмар не е во оптимална состојба по уште една повреда што ја доби на почетокот од оваа сезона. Сепак, Бразилецот успешно настапува против Реал Мадрид, откако во девет натпревари во кариерата против „кралевите“ има постигнато 3 гола и 5 асистенции



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...