Де Брујне: Фудбалерите на Белгија дадоа сѐ од себе на сите натпревари

Фудбалерот од средниот ред на Белгија, Кевин Де Брујне се осврна на настапот на неговите соиграчи во групната фаза на Европското првенство 2024.



Белгијците вчеравечер во натпреварот од 3. коло одиграа 0:0 со Украина.

Де Брујне беше прогласен за играч на натпреварот.

- Дадовме сѐ од себе на сите три натпревари. Сите сакаат да победуваат натпревари и ние се обидовме да го направиме тоа на теренот, но не успеа. Имавме тежок почеток на првиот натпревар. Украина е тежок противник, а беа и опасни. Се обидувавме да победиме на овој натпревар и имавме можности да постигнеме гол до 90. минута. Но, не сакавме да ризикуваме, бидејќи знаевме дека можеме да примиме гол и потоа да бидеме елиминирани од турнирот. На еврото понекогаш треба да преземеш одреден ризик, а понекогаш треба да бидеш паметен, а денес сакавме да бидеме токму такви, изјави Де Брујне за сајтот на УЕФА.

Белгија го освои второто место во Е групата со 4 бода и се пласираа во плејофот на турнирот.

Белгијците во 1/8-финалето на ЕП ќе играат против Франција. Натпреварот ќе се одигра на 1 јули во Дизелдорф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...