Семејството на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е заинтересирано да го купи францускиот клуб Каен, пренесува „РМЦ Спорт“.
Мбапе тренирал на Академијата на Каен како дете. Од сезоната 2019/20 тимот настапува во втората најсилна француска дивизија.
На почетокот на јуни Реал Мадрид го објави трансферот на напаѓачот. Неговото официјално претставување како мадриѓанец ќе се одржи на 16 јули.
Мбапе претходно играше за ПСЖ и Монако.