Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по вчерашната победа во мечот од 14. коло на шпанското првенство со Леганес (3:0), го пофали настапот на играчот од средниот ред Федерико Валверде на десната бековска позиција.
- Валверде се истакнува како бек. Може да игра на многу позиции на теренот, а мојот проблем е да ја изберам најдобрата за него, изјави Анчелоти за „Marca“.
Реал Мадрид со 30 бода се искачи на второто место во Ла Лига, пред Атлетико Мадрид (29) и ја намали разликата од Барселона на четири бода. Во исто време, тимот на Карло Анчелоти има еден натпревар помалку.
Анчелоти исто така е задоволен и од Мбапе кој често беше на крилните позиции, како и од Винисиус кој атакуваше од централната позиција.