Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за месец ноември 2024 година.
Салах беше вклучен во пет од седумте гола на Ливерпул во три натпревари во Премиер лигата во ноември. Тој го постигна победничкиот гол во камбекот против Брајтон, беше вклучен и во двата гола во победата против Астон Вила, а го постигна израмнувачкиот и победничкиот гол против Саутемптон.
Од почетокот на сезоната, Салах има 21 гол и асистенции, најмногу од сите играчи во Премиер лигата оваа сезона, четири повеќе од Кол Палмер на второто место.
Египќанецот ја доби наградата за играч на месецот за прв пат од октомври 2023 година, но ова е негово шесто вакво признание во кариерата. Така се изедначи со легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, но и со Кристијано Роналдо.
Само Хари Кејн и Серхио Агуеро по седум пати ја освоија наградата за играч на месецот.
Од почетокот на сезоната, Ерлинг Халанд (август), Кол Палмер (септември) и Крис Вуд (октомври) ја добија наградата за Играч на месецот.