Икарди и повреден добива понуди

Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди моментално се опоравува по тешката повреда здобиена на почетокот на минатиот месец, кога му беа оштетени лигаментите на коленото.

Напаѓачот беше најдобар играч на Галатасарај до повредата, но следеше повреда која ќе го оддалечи долго време од терените. Сепак, тоа не значи дека Икарди е далеку од очите на фудбалската јавност и скаутите ширум Европа. Аргентинецот стана член на турскиот гигант во летото 2022 година, постигна 61 гол на 87 натпревари, а неговото евентуално заминување би било голем проблем за клубот.

Икарди сака од следната сезона кога ќе се врати на терените повторно да игра во една од петте најдобри лиги во Европа, за да прифати нов предизвик во кариерата, а според шпанските медиуми, Бетис е заинтересиран да го доведе во нивните редови.

Во Севиља веруваат дека неговото доведување ќе го подигне тимот на повисоко ниво, што ќе им овозможи да бидат поконкурентни против големите клубови како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.

Икарди има важечки договор со Галатасарај до летото 2026 година, што значи дека Бетис ќе треба да плати значителна сума.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали некоја жена: - Јас од мојот маж направив милионер.
- А што беше пред тоа?, прашува друга.
- Милијардер.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
911.- Во манастирот "Свети Наум", на брегот на...
1589.- Умре француската кралица Катарина Медичи,...
1592.- Роден е индискиот цар Шах Џехан од...
1762.- Умре руската царица Елисавета Петровна...