Тренерот на Болоња, Винченцо Италијано ги искажа своите импресии за натпреварот со Борусија Дортмунд.
Италијанскиот тим победи со 2:1 во натпревар од 7. коло од Лигата на шампионите.
- Мојата прва победа во Лигата на шампионите како тренер. Како дете седев на каучот и ги гледав оние кои испишаа историја на овој турнир, па тоа беше многу емотивен момент. Момците сакаа да победат по секоја цена. Тие постојано зборуваа за тоа во соблекувалната пред натпреварот и навистина сакаа да им дадат подарок на навивачите. Нашиот сон се оствари. Не можам да опишам со зборови колку сум среќен, изјави Италијано по натпреварот.
Болоња има пет бода и се уште има теоретски шанси за пласман во плејофот, заземајќи го 27. место.
Борусија Дортмуд е на 13. место со 12 бодови.