Тренерот на Милан, Серхио Консеисао не е задоволен од играта на својот тим и покрај победата над Жирона (1:0) синоќа во натпреварот од 7. коло од Лигата на шампионите.
- Мора да продолжиме да работиме напорно. Резултатот е најважен, но има работи што можеме да ги подобриме, изјави Консеисао.
Предводникот на шпанскиот тим со честитки за своите играчи за изданието на „Сан Сиро“.
- Горд сум на момците, тие го направија она што го планиравме. Мислам дека одигравме добар натпревар. Создадовме шанси, имавме чисти можности. Но, секако, моравме да издржиме во одбраната. Треба да стекнеме искуство за да се натпреваруваме на ова ниво“, изјави тренерот Мичел.
Милан има 15 бодови и се наоѓа на 6. место на првенствената табела. Жирона е на 31. место со три бода.