Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола очекува неизвесни средби во плејофот од Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ синоќа го совладаа Бриж со 3:1 во натпреварот од 8. коло на групната фаза и си обезбедија учество во плејофот.
Манчестер сити со 11 бодови се наоѓа на 22. место и ќе добие тежок ривал во следната рунда.
- Пред нас е тежок плеј-оф против Реал Мадрид или Баерн Минхен. Но ние ќе бидеме засилени со неколку играчи кои ќе се вратат и некои нови што ќе се приклучат за две недели. Се надевам дека ова ќе бидат добри натпревари, изјави Гвардиола, ја цитира прес-службата на УЕФА.
Ждрепката за плејоф рундата во елитното фудбалско натпреварувања ќе се одржи утре.
Првите натпревари од плејофот за Лигата на шампионите 2025 година ќе се играат на 11/12 февруари, а реваншите на 18/19 февруари.