Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година

Аргентинскиот фудбалски великан Лионел Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година, но рано е за официјални најави, изјави селекторот на аргентинската репрезентација Лионел Скалони.



Скалони, кој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во 2022 година во Катар, ја објасни желбата на 37-годишниот рекорден осумкратен освојувач на „Златната топка“ да остане во тимот.

-Првото нешто што треба да се каже е дека и тој и неговите соиграчи се свесни дека останува разумно време и дека тој и сите други сакаат да играат на Светското првенство. Ќе треба да почекаме и да видиме како ќе се развиваат работите. Меси знае што мислиме и е најинтелигентен од сите нас, изјави Скалони за ДССПОРТС.

Скалони зборуваше и за одлуката на поранешниот аргентински напаѓач Анхел ди Марија да се повлече од националниот тим откако минатата година го освои вториот трофеј на Копа Америка.

-Од она што го кажа, се е готово. И на најдобар можен начин. Да напишеше свој филм, своја книга, своја фудбалска приказна, мислам дека немаше да ја напише толку добро како што ја заврши, рече Скалони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две плавуши си разговараат:
- Што мислиш, што барале девојките со машките порано ?
- Како тоа порано ?
- Па порано, пред да се измислат парите и кога немало коли ?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1359.- Силна турска војска, под водство на Мурат,...
1652.- Роден е англискиот писател Томас Отвеј,...
1703.- Умре англискиот физичар Роберт Хук,...
1707.- Умре могулскиот цар Аурангзеб, најмладиот...