Жоао Феликс се запиша во листата на стрелците во својот прв натпревар за Милан по доаѓањето од Челзи.
![](http://images.idividi.com.mk/images/feliks1.jpg)
Играчот од средниот ред на „росонерите“ синоќа постигна гол против Рома во четвртфиналето на Купот на Италија (3:1, второ полувреме).
При постигнувањето на голот на Феликс му асистираше Сантијаго Хименез, уште еден дебитант во миланскиот тим.
Противник на Милан во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Лацио – Интер.