Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти искажа пофални зборови за настапот на напаѓачот Килијан Мбапе на натпреварот од 27. коло од Ла Лига против Рајо Ваљекано (2:1).

- Винисиус и Мбапе постигнаа два импресивни гола. До 70. минута играа многу добро и имаа шанси да го направат резултатот 3:1. Мбапе одигра брилијантно, постигна спектакуларен гол. Се бореше, падна да ја земе топката. Голот дојде затоа што тој отиде да ја прими топката во средниот ред, а потоа со своето движење ја избегна одбраната. Тоа беше фантастичен гол, тој направи се многу добро, изјави Анчелоти во прес-службата на мадридскиот клуб.
Оваа сезона 26-годишниот Французин одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 голови и четири асистенции.
Реал Мадрид со 57 бодови е втор на табелата зад Барселона која има исто така 57 и натпревар помалку.