Ретклиф: Сакам да го вратам Манчестер на старите патеки

Сосопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, се осврна на критиките за работата на управата на клубот кој неколку години се наоѓа во резултатска криза.



- Знам дека ова е непријатно време низ кое поминуваат нашите навивачи, а некои од одлуките што треба да ги донесеме се непријатни. Но, тие се потребни за да се врати стабилноста на Манчестер јунајтед. Ако луѓето сакаат Манчестер јунајтед повторно да освојува трофеи, тогаш ние мора да го направиме сето ова. Тоа е тешко прашање, непопуларно, би било многу подобро да не се занимаваме со тоа. Но, ако не го направиме ова, едноставно ќе останеме на исто ниво како последните 12 години. Сакам Манчестер јунајтед да биде на старите патеки, таму каде што се Реал Мадрид, Манчестер сити, Ливерпул. Ова е местото каде што сакам да го видам клубот. Мојот единствен интерес овде е да го вратам во поранешната големина. Таму каде што припаѓа, изјави Ретклиф за „Би-би-си“.

По 28 кола, Манчестер јунајтед е на 14. место во поредокот во Премиер лигата со 34 бодови.

Британскиот милијардер Ретклиф во управата на Манчестер јунајтед влезе пред една и пол година. Изминатиот период тој презема низа мерки на штедење со цел финансиски да се стабилизира клубот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Што е крв пие, вампир не е; лета, а птица не е?

- Веројатно комарец!
- Ама каков комарец! Тоа е *Always Ultra*!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1325.- Основан е градот Теночтитлан, престолнина...
1572.- Умре хрватскиот писател Петар Хекторовиќ,...
1733.- Роден е Џозеф Пристли, англиски...
1741.- Роден е австрискиот цар Јосиф Втори, син...