Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн ги искажа своите впечатоци по победата над Баер Леверкузен (2:0) синоќа во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

- Многу добар натпревар. Од првата минута не сакавме да бидеме тим што се повлекува за да одбрани предност. Сакавме да бидеме офанзивни, да извршиме притисок, да создаваме шанси и да победиме. Направивме многу од ова и во првото полувреме, кога бевме поблиску до гол. Што се однесува до второто полувреме, разбравме дека противникот ќе се обиде да промени нешто, но го казнивме. Ова е петти пат да играме со Баер, а тука победија само еднаш пред еден месец. Во други случаи победивме. Ова во голема мера се должи на активниот висок пресинг, изјави Кејн за сајтот на УЕФА.
Баерн ќе игра против Интер во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар е закажан за 8 април во Минхен, а реваншот по седум дена во Милано.