Навивачите на Челзи бараат истрага против сопственикот Боли

Навивачите на Челзи побараа од Премиер лигата да ја истражи поврзаноста на косопственикот на лондонскиот клуб Тод Боли со веб-страница за препродажба на билети која нуди влезници по цена повисока за илјадници долари од номиналната вредност.



Боли е наведен како член на Управниот одбор на „Вивид Ситс“ (Vivid Seast“, означен од Премиер лигата како „неовластен веб-сајт за издавање билети“ при чие користење навивачите се предупредени да бидат крајно претпазливи.

Здружението на навивачи на Челзи испрати писмо до извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, во кое се наведува дека „време е да се дејствува и да се истражи“.

„Вивид Ситс продолжува да ги наведува билетите од Премиер лигата над номиналната вредност по значително надуени цени, а нашите членови продолжија да укажуваат дека односот на Боли со Вивид Ситс е нарушување на довербата и јасен конфликт на интереси“, се вели во писмото.

Американскиот милијардер Боли го купи Челзи за 2,5 милијарди долари во 2022 година со конзорциумот „Клирејк Капитал“ (Clearlake Capital).

Вивид Ситс продава билети за различни настани, вклучувајќи ги натпреварите на Челзи во Премиер лигата и Конференциската лига, како и за претстојното Светско клупско првенство во САД.

Билет за претстојниот натпревар против Ипсвич се продава за 990 фунти, а за натпреварот против Ливерпул на 3 мај за повеќе од 3.000 фунти.

На веб-страницата на Челзи, најскапиот билет за возрасни за најбараната категорија изнесува 80 фунти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Што е разликата меѓу Черчил и Сталин?
- Черчил ги собирал вицовите што луѓето ги кажувале за него, а Сталин ги собирал луѓето што кажувале вицови за него.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на македонското судство
1492.- Кралот Фернандо Петти Католички им даде...
1547.- Умре францускиот крал Франсоа Први, кој...
1596.- Во Хаг е роден Рене Декарт, француски...