Борусија Дортмунд донесе одлука за иднината на тренерот Нико Ковач по катастрофалниот пораз од Барселона (0:4) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Како што пренесува „Todofichajes“, 53-годишниот фудбалски стручњак ќе продолжи да биде тренер на тимот. Раководството на клубот ја задржува довербата во тренерот и покрај лошите резултати оваа сезона.
Хрватот ја презеде функцијата менаџер на Борусија во јануари оваа година. Неговиот договор со бундеслигашот е до крајот на јуни 2026 година.
Реваншот против Барселона германскиот тим ќе го игра на домашен терен на 15 април.