Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик е воздржан и покрај високата победа над Борусија Дортмунд (4:0) синоќа во првото четвртфинале од Лигата на шампионите.

- Барселона сè уште не успеала да се пласира во полуфиналето. Победата со толку голови е важна, особено со таква игра. Но, мислам дека Барселона сè уште не е во полуфиналето, никогаш не се знае што може да се случи. Фудбалот е луд.
Борусија е добар тим и знаеме дека во реваншот треба да правиме што помалку грешки. Нашето офанзивно трио беше неверојатно, исто така и одбраната. Резервите беа подеднакво ефикасни како и играчите кои ги заменија, изјави Флик по натпреварот.
Реваншот ќе се одигра во Германија на 15 април.
Победникот од оваа двојка ќе игра во полуфиналето против Баерн или Интер (првиот натпревар заврши 2:1 во корист на Интер).