Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Југо Екитике може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува Билд.

Според германскиот спортски весник, Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за 22-годишниот Французин.
Истовремено, германскиот клуб е подготвен да се раздели со играчот за сума од околу 100 милиони евра. Екитике оваа сезона одигра 42 натпревари, постигна 21 гол и девет асистенции.