Енрике: Второто полувреме беше тешко за нас, но заслужено сме полуфиналисти

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека е многу среќен што неговиот тим се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампиони, но дека имало лоши моменти за неговиот тим во второто полувреме на вчерашниот реванш четвртфинален натпревар против Астон Вила во Бирмингем.



„Во второто полувреме се мачевме, беше многу тешко за нас, но мислам дека тимот и играчите мораат да бидат подготвени. Многу сме среќни, втора година по ред сме во полуфинале и мислам дека тоа е многу добро“, наведе Енрике, во изјава за официјалната веб-страницата на францускиот клуб.

ПСЖ загуби од Астон Вила со 2:3 во реваншот од четвртфиналето на гостински терен во Бирмингем, но се пласираше во полуфиналето, откако победи на првиот натпревар во Париз со 3:1 и со вкупен резултат 5:4 го елиминираше англискиот тим.

Противник на ПСЖ во полуфиналето ќе биде победникот од двомечот помеѓу Арсенал и Реал Мадрид. Англискиот клуб победи на првиот натпревар во Лондон со 3:0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шанкер ја прашува келнерката:
- Зошто касниш?
- Ужасно беше. Си доаѓам јас на работа кога на сред улица гледам ужасна сообраќајна несреќа. Човек лежи на тротоарот исфрлен од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...