Тренерот на Лидс, Даниел Фарке би можел да го напушти клубот, пишува „Дејли Мејл“.

Според британскиот медиум, раководството на клубот не е сигурно дека 48-годишниот Германец ќе успее да избори опстанок со тимот во Премиер лигата следната сезона.
На 21 април, Лидс избори промоција од Чемпионшип во Премиер лигата. По 44 кола, тимот води во поредокот со 94 бодови.
Фарке е на чело на Лидс од летото 2023. Претходно ги водеше Норвич и Борусија Менхенгладбах.