Инзаги: Интер има погуст распоред од другите тимови, но тоа не е оправдување

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде свој коментар за поразот од Милан (0:3) во полуфиналето на Купот на Италија.

- Мораме да продолжиме да одиме напред. Има и физички и психички замор, треба да бидеме посилни од сето ова. Овој пат ни донесе многу радост, но и разочарувања, како оваа вечер. Требаше да играме подобро. Ни недостасуваше острина во двата шеснаесетник во клучните моменти од натпреварот.

Замор? Ова не може да биде изговор. Треба да покажеме максимална концентрација, а денес не го сторивме тоа. Секој тим се справува со замор. Имавме позафатен распоред од другите, но повторно, тоа не е оправдување. Ако не се пласиравме во финалето, тоа значи дека не сме направиле доволно. Останува уште еден месец и треба да продолжиме да работиме со доверба. Милан ја заслужи оваа победа вечерва и правилно е што е во финалето. Ќе се обидеме да се рехабилитираме и да дадеме се од себе во недела против Рома, изјави Инзаги за „Football Italia“.

Во финалето ка Купот на Италија, Милан ќе се соочи со победникот од пресметката Болоња – Емполи (3:0 прв натпревар).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Мујо на плажа, на Копакабана. Таму полно згодни женски, ама ни една не сака ни да го погледне. Му се пожалил иа еден од капачите, а овој го подучил:
"Земи една краставица...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...