Европската фудбалска асоцијација-УЕФА денеска на својата веб страница објави дека е покрената истрага против македонскиот фудбалски клуб Победа од Прилеп, нејзиниот претседател и еден нејзин играч.
УЕФА ги товари клубот, претседателот и играчот за кршење на принципите на интегритет и фер плеј во фудбалот манипулирајќи со исходот на натпревар организиран од УЕФА остварувајќи добивка незаконски за себе и за трета страна.
Под истрагата на УЕФА бил квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони помеѓу Победа и Пјуник од Еременија на 13 јули 2004 година.
Обвинението се базира на извештаи добиени од обложувачката индустрија за нерегуларни уплати и изјави на неколку сведоци.
Дисциплинската комисија за случајот ќе заседава на 17 април.