Миленко Неделковски е информатор и сведок за случајот Победа

УЕФА по спроведената истрага по покренатото обвинение против двократниот македонски шампион Победа , од минатиот месец , изрече казна со која го суспендира прилепскиот клуб од европски настапи во наредните 8 години и доживотна забрана за било каква активност во фудбалот на претседателот Александар Забрчанец и поранешниот капитен Николче Здравевски. Казната е изречена по обвинението за местење на натпреварите со ФК Пјуник во рамките на квалификациите за Лигата на Шампионите во јули 2004г.

Во својство на набљудувач 7-часовниот состанок на кој присуствуваа сведоците на обвинението и претседателот на ФК Победа го следеше и генералниот секретар на ФФМ, Никола Костов кој доцна синоќа се врати од Нион:

"Состанокот беше класично испитување од страна на комисијата на УЕФА на која застапникот на ФК Победа и претседателот Забрчанец ги презентираа своите изјави и ставови во однос на обвинението за местење на средбите со ФК Пјуник. На сослушувањето беа презентирани и фактите на комисијата врз кои се темели ова обвинување, како исказ на стручно лице за следење на коефициентите на обложувалниците а во улога на клучен сведок и информатор се појави спортскиот новинар Миленко Неделковски. Потоа беше донесена одлуката која веќе и е позната на јавноста на која ФК Победа во рок од три дена има право на жалба. Ние како федерација ќе го следиме случајот до крај и по донесената одлука на второстепената инстанца во согласност со нашиот статут и правилниците ќе ги спроведеме препораките и одлуките на УЕФА." - изјави генералниот секретар на ФФМ, Костов за веб сајтот на националната фудбалска куќа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две плавуши си разговараат:
- Што мислиш, што барале девојките со машките порано ?
- Како тоа порано ?
- Па порано, пред да се измислат парите и кога немало коли ?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1359.- Силна турска војска, под водство на Мурат,...
1652.- Роден е англискиот писател Томас Отвеј,...
1703.- Умре англискиот физичар Роберт Хук,...
1707.- Умре могулскиот цар Аурангзеб, најмладиот...