Тешка е слободата на Пандев...

"Ситуацијата е навистина збунувачка. Очекуваме да видиме кој ќе биде новиот член на Арбитражната комисија", вели агентот на Пандев, Карло Палавичино

И покрај тоа што за денеска беше најавено одржувањето на состанокот на Арбитражната комисија при италијанската Калчо лига околу разгледувањето на барањето на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев за раскин на договорот со Лацио, сепак, истиот се очекува да биде повторно одложен откако според пишувањата на италијанските медиуми треба повторно да биде конституиран нов состав на комисијата.

"Ситуацијата е навистина збунувачка. Тешка е слободата за нашиот фудбалер. Очекуваме да видиме кој ќе биде новиот член претставник на италијанската лига во комисијата, а потоа да се види и кој ќе ја носи конечната одлука", вели агентот на Пандев, Карло Палавичино, кој, сепак, очекува до крајот на актуелнава година нашиот фудбалер да замине од Лацио.

Во меѓувреме и италијанската фудбалска легенда и поранешен тренер на Лацио, Дино Ѕоф јасно нагласува дека кризата во која се западнати "лацијалите" неизбежна е и поради отсуството на Горан Пандев.

"Факт е дека проблемите на Лацио оваа сезона се поради тоа што им недостасуваат двајца важни фудбалери како Пандев и Ледезма. Не сакам да навлегувам во тоа кој е виновен а кој не, но едноставно таа е реалноста", коментира Ѕоф откако италијанските медиуми деновиве се повеќе ја нагласуваат извонредната игра на нашиот фудбалер во репрезентацијата и последните шест постигнати погодоци изминативе три месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Завод за вработување.

- Барам работа.

Референтот:

- Еве, 3.000 евра плата, 3 месеци годишен одмор, службена кола, работа од 10 до 15 часот.

- Зафркавате???

- А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...