Најголемата ТВ куќа во Австралија направи голем преседан откако во неделата во најавната шпица за дуелот Интер - Џенова најави дека Горан Пандев е фудбалер кој доаѓа од Бугарија.

Грешката ја направила ТВ компанијата "Фокстел". Австралија е територија каде живеат многу заедници, а меѓу најбројните е и нашата. Македонците се навредени од големата грешка, а некои истата ја коментираат како намерна од страна на уредникот на споменатата ТВ компанија. Од Австралија низ радиото 333 од Мелбурн се огласи и Ицо Најдоски, кој во земјава ги пренесе неговите жестоки реакции по направената грешка со која на нашите иселеници им е направен удар за нивниот најголем фудбалски идол.
"Етничките Македонци во Австралија се навредени. Сепак, македонските организации во Австралија официјално ниту реагираа, а ниту побараа извинување од уредникот за спорт на телевизијата. Грешката не е случајна ниту, пак, се работи за некаков пропуст. Овој очигледен преседан е направен намерно со што Австралија континуирано продолжува да ги крши своите мултикултурни принципи. Со ова е навредена Македонската заедница", изјавува Најдоски.