Јас сум горд Македонец!

По скандалозниот чин на една од најпознатите австралиски ТВ станици која во најавата за средбата меѓу Интер и Џенова од италијанскиот шампионат Горан Пандев го квалификуваше како Бугарин, најдобриот македонски фудбалер вчера со своја реакција за "Македонски спорт" нагласувајќи дека отсекогаш бил и ќе биде само горд Македонец...

"Јас не сум и не знам да бидам ништо друго освен горд Македонец. Непотребно е покренат прав околу целиот тој случај затоа што јас сум роден Македонец, ја сакам својата земја и од срце настапувам во националниот дрес", ни изјави вчера Пандев, притоа дополнувајќи:

"Сакам да им заблагодарам на нашите иселеници од Австралија кои застанаа во одбрана на моето име и Македонија. Разно-разни приказни се слушаа овие денови, меѓутоа вистината е дека македонската гордост секогаш ја носам со себе, јасно нагласувајќи во секоја пригода и при моите настапи во Италија и во Европа кој сум, што сум и од каде сум, и така ќе биде засекогаш и во иднина", вели Пандев, кој е револтиран и од одредени приказни кои се појавија во нашава земја дека веќе има бугарски пасош.

"Јас имам само македонски пасош и никогаш досега ниту сум помислил да извадам бугарски пасош. Непотребно се прават лажни приказни, измислени филмови кои никому не помагаат. Ќе им порачам на сите во светот на кои им пречи македонското име, дека нашата битка, заедно и со моите соиграчи од репрезентацијата, ќе ја водиме и извојуваме на зелениот терен докажувајќи им на сите низ претстојниот квалификациски циклус за вистинските вредности на Македонија. Ќе повторам дека нема потреба да се прават понатаму драматични тензии околу моето име од овој тип затоа што Македонија е единствено во моето срце", истакнува Горан Пандев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...