Во финалето на фудбалската Лига на Европа што на 12 мај ќе се одржи на „Нордбанк арената“ во Хамбург ќе играат екипите на Фулам и на Атлетико Мадрид.
Екипата на Фулам со пресврт пред своите навивачи синоќа дојде до посакуваната победа во реванш полуфиналето од лигата на Европа. Фулам на „Кревен Котиџ“ го совлада Хамбургер со 2:1 иако гостите водеа на крајот од првиот дел со голот на Младен Петриќ од слободен удар во 22-та минута. Пресвртот го навести Сајмон Дејвис во 70-та минута кога изедначи на 1:1, а победата од 2:1 на Фулам му ја донесе Золатн Гера во 76-та минута. Со поразот Хамбургер испушти шанса финалето да го игра на домашен терен. Во Хамбург резултатот беше 0:0.
На „Енфилд“ Ливерпул постигна „пирова победа“ од 2:1 по продолжение. Во регуларните 90 минути беше 1:0 за Ливерпул со голот на Алберто Аквилани во 44-та минута, со што беше постигнат истиот резултат од Мадрид кога Атлетико победи. Во продолжението Ливерпул поведе и со 2:0 со голот на Јуси Бенајун во 95-та минта, но Атлетико Мадрид преку Диего Форлан (беше стрелец и на првиот натпревар) постигна гол за пораз од 2:1 и повторно благодарение на правилото гол повеќе во гости е вкупен победник.