Рафаел Бенитез е многу близу до клупата на Интер, а италијанските медиуми тврдат дека Шпанецот со себе во Милано ќе ги доведе Хавие Маскерано и Дирк Кајт.
"Газета дело Спорт" тврди дека техничкиот директор на европскиот првак Марко Бранка веќе ги завршил првичните преговори со шпанскиот стратег и тоа само неколку часа по објавувањето на веста дека Бенитез стави крај на соработката со Ливерпул.
Како што наведува весникот, се е договорено, а се чека само зелено светло од претседателот на Интер Масимо Морати, кое не би требало да изостане.
Бенитез ќе добие многу поголема сума за трансфери во споредба со онаа што ја имаше во Ливерпул, но прва задача ќе му биде да разговара со Маикон, снајдер и Диего Милито, кои сите сакаат да ги задржат во клубот. Потоа Шпанецот би можел да работи на доведување на играчите на Ливерпул, Маскерано и Кајт.
Покрај Бенитез кандидат за местото тренер на Интер, на кое до неодамна седеше Жозе Мурињо, се споемнуваат и Гус Хидинк и Мануел Пелегрини.