Петнаесет натпревари се на програмата денеска и утре во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Се очекуваат интересни први натпревари од оваа рунда бидејќи се вклучуваат и поквалитетни екипи.
Денеска ќе се одиграат шест дуели, а двојките се: Омонија – Салцбург, Динамо Киев – Гент, Литекс – Жилина, Униреа – Зенит, Спарта Прага – Лех и ТНС – Андерлехт.
Утре на програмата се другите натпревари: Актобе – Хапоел Тел Авив, БАТЕ Борисов – Копенхаген, Шериф – Динамо Загреб, Дебрецин – Базел, Јанг Бојс – Фенербахче, АИК – Розенборг, Партизан – Хелсинки, Ајакс – ПАОК и Брага – Селтик.
Покрај овие ќе се одигра и еден натпревар од 3. квалификациско коло од Лигата на Европа меѓу ЦСКА Софија и Клифтонвил. Македонските екипи во ова натпреварување своите натпревари ќе ги одиграат в четврток. Работнички го пречекува петкратниот европски првак Ливерпул, а Тетекс гостува кај Елфсборг во Шведска.