Екипите на Тотенхем, Ајакс, Жилина, Оксер и Копенхаген последни изборија пласман во Лигата на Шампионите.
Најубедлив во реванш мечевите од последното квалификациско коло одиграни денеска беше англискиот претставник кој предводен од трикратниот стрелец Питер Крауч го надополни голот негатива од првиот натпревар во Берн. Жилина против Спарта потврди дека не случајно го доби првиот меч во Чешка, додека Ајакс, беше подобар од киевски Динамо.
Особено неизвесно беше во скандинавското дерби од кое како победник излезе Копенхаген. На данскиот шампион му беше доволна минимална победа над Розенборг со оглед на тоа дека во првиот меч загуби со 2:1. Мало изненадување претставува победата на Оксер над Зенит. Францускиот тим ги искористи сите слабости на противникот, кој мечот го заврши дури со два играчи помалку бидејќи исклучени беа Малафеев во 65. и Хубочан во 80. минута.
Копенхаген - Розенборг 1:0 (1:0)
Отесен 33'
Жилина - Спарта Прага 1:0 (1:0)
Сисеј 18'
Тотенхем - Јанг Бојс 4:0 (2:0)
Крауч 5', 61', 78'(пен), Дефо 32'
Оксер - Зенит 2:0 (1:0)
Хенгбарт 9', Јелен 53'
Ајакс - Динамо Киев 2:1 (1:0)
Суарез 43', Ел Хамдауи 75' - Шевченко 84'(пен)
Одиграно во вторник:
Андерлехт - Партизан 4:5 - по пенали (2:2, 0:1)
Шериф - Базел 0:3 (0:0)
Хапоел - Салцбург 1:1 (0:1)
Сампдорија - Вердер 3:2 - по продолженија (3:1, 2:0)
Севиља - Брага 3:4 (0:1).
Ждрепката за групите во Лигата на Шампионите ќе се одржи во Монако во четврток од 18 часот, а 32 екипи на ждрепката ќе бидат поделени во четири "шешира" на основа на коефицинетите остварени во европските купови во последните пет сезони.
Прв "шешир": Интер, Барселона, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Баерн Минхен, Милан, Олимпик Лион
Втор "шешир": Вердер, Реал Мадрид, Рома, Шахтјор, Бенфика, Валенсија, Олимпик Марсеј, Панатинаикос
Трет "шешир": Тотенхем, Ренџерс, Ајакс, Шалке, Базел, Брага, Копенхаген, Спартак Москва.
Четврт "шешир": Хапоел, Партизан, Рубин, Твенте, Оксер, Клуж, Жилина и Бурса.
Во иста група не можат да бидат два тима од иста држава. Мечевите од првото коло се играат на 14. и 15. септември.