Се пишува Красиќ, се чита Недвед

Италија или поконкретно Торино последните два дена се занимава само со Милош Красиќ. Србинот е постојано во центарот на вниманието, а весниците се натпреваруваат кој ќе напише поинвентивен наслов за него: "Се пишува Красиќ, се чита Недвед", "Ураганот Милош ја оддува кризата", "Тројка од соништата за Красиќ", "Шоуто на Красиќ го растера стравот"...

Се разбира, причина за ова е хет-трикот на српскиот репрезентативец на натпреварот против Каљари во неделата со кој Јувентус дојде до победа од 4:2 против Каљари и за момент заборави на кризата од почетокот на сезоната. Одамна не се памети еден фудбалер толку брзо да им влезе во "крвта" на Италијанците, особено во клубот за кој навиваат најмногу Италијанци и кој го нарекуваат "знаме на Италија" токму поради инсистирањето на домашните фудбалери.

"Даде три гола, се бореше за секоја топка, асистираше на соиграчите... Уште сега може да биде прогласен за трансфер на годината", заклучи Ил Сусидиарио.

Тутоспорт, кој е близок на Јувентус, напиша "ода" за играта на Красиќ со констатација дека Србинот го одлучил натпреварот и бил разликата меѓу Јувентус и Каљари. Се наведува и изјавата на Кјелини дека Красиќ се вклопил неочекувано брзо во играта на Јуве како и оценката на Дел Нери дека така мора да продолжи.

Најинтересни од се се споредбите со Павел Недвед. Така, Калчомеркато "не сака да прави паралели, но споредбите на кои многумина досега им се смееја, сега се чинат реални". Не се спомнуваат имиња, но јасно е дека се мисли на прославениот Чех по кого, до ова лето, во Јувентус имаше голема празнина.

СТАТИСТИКА ЗА КРАСИЌ

*Одиграни натпревари 5 (394 минути)

*Постигнати голови     3

*Асистенции                  3

*Жолти картони           1



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...