Два нерешени резултати во пет одиграни натпревар покренаа лавина од прашања, но такво нешто можеше и да се очекува.
Шпанија е многу поинаква од Италија. Очигледно дека се зборува за Мурињо. Во Примера неговиот тим игра променливо со многу малку голови. Не се премногу уверливи. Жозе се "вади" на фактот дека другите тимови против Барселона играат со својот "Б" состав и го пали пламенот на контроверзии во Примера.
Весниците се преполни со сомнежи во неговиот пристап. Претседателот на Реал Флорентино Перез се плаши од новиот изглед на Реал. Мурињо и неговото однесување се прифатливи можеби во клубот, но што е со милионите фанови низ целиот свет? Медиумите пренесуваат дека Реал не е како Интер за кој 0:0 е респектабилен резултат. До сега Мурињо одигра "две нули", а во Интер цела измината сезона имаше вкупно три, со тој резултат. Но во Шпанија се знае, поимот "дефанзива" се презира, за разлика од Италија. Дали Реал ќе дојде на прав пат, со игра која се разликува од традиционалната?