Фудбалерите на Реал Мадрид уште еднаш со тешки маки дојдоа до победа во оваа сезона, но трите бода во нивниот џеб се најважни на гостувањето во Оксер. Победи Реал со 1:0 со голот на Аргентинецот Анхел Ди Марија на девет минути пред крајот на мечот. Реал имаше неколку шанси на натпреварот, но треба да се спомене и шансата која ја имаше домаќинот кога ја погодија само пречката.
"Ова е тешка група, а ние по две кола имаме шест бода. Не беше лесно но ние ја исполнивме целта на ова гостување. Јас сум задоволен" изјави тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.
"Ако го победиме Милан, ние практично сме во вториот круг. Голем успех е тако брзо да можеме да размислуваме за вториот круг."