Красиќ се откажал од милион евра за Јувентус

Веќе четири дена српскиот репрезентативец Милош Красиќ е топ-тема во италијанските медиуми. Причина за тоа е хет-трикот во дуелот со Каљари, па новинарите на Апенините почнаа да чепкаат подлабоко во кариерата на еден од најдобрите крилни играчи во светот.

Така дојдоа и до информацијата дека Красиќ се откажал од еден милион евра за да го комплетира трансферот во Јувентус. Имено, делегација на торинскиот клуб заминала во Вилах каде репрезентацијата на Србија се подготвувала за Светското првенство со цел да го извести Красиќ дека клубот го планира како засилување за новата сезона. Интересно е дека тогаш Бепе Марота се уште не беше поставен за генерален менаџер, но веќе почнувал самиот да си прави планови. Србинот веднаш се согласил, паднал договор на пет години со плата од 2,5 милиони по сезона.

Остана уште Јувентус да најде заеднички јазик со Русите. Преговорите во Москва пропаднаа затоа што Јувентус прво нудеше 13, па 15 милиони, а ЦСКА подигна на 18 сакајќи во трката да ги вовлече Интер и Фенербахче. Морати сакаше да го донесе Красиќ, меѓутоа, како што тврдат италијанските медиуми, Ањели му телефонирал, па постигнат е џентлменски договор и Интер се повлекол.

Србинот не сакал да слушне за заминување во Англија, ниту во Турција и им порачал на луѓето од Јувентус дека стои на својот збор и дека ќе ги чека до крај. Каков човек е Красиќ и колку го заслужува тоа што му се случува последните денови најдобро зборува фактот дека се откажал од еден милиони евра за да го облече дресот на Јувентус. Се согласил да му биде намалена платата за првите две сезони, па место 2,5, да добива по два милиони евра. Јувентус веднаш покрај 15. милиони на ЦСКА и понудил и бонуси во зависност од настапите и головите на Красиќ и работата била завршена.

За човечките квалитети на Красиќ потврдува и информацијата дека од сопствен џеб платил десет илјади евра за авион за да стигне во Виљар Пероса на претставувањето на екипата за новата сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...